(Видео) Јакимовски: Цел свет се тресе дали Путин ќе даде наредба за инвазија, Русија има оружја што напaѓаат и од космос
Во вечерашното издание на Тешки муабети – среда едишн, со Стевчо Јакимовски, Александар Митовски и Милош Милошевски, зборувајќи за актуелните теми кој ја тресат јавноста деновие, се осрнаа и на руско украинската криза која ескалираше деновие и полека прераснува во конфликт.
Последно што го објавуваат украинските медиуми е дека Русија пирпрема провокација во Украина од територијата наБелорусија. Ова се информации коишто доаѓат од западните и украинските служби и како топ наслов се пренесува на сите украински медиуми. Друго што беше пренесено, пред сѐ о западнте медиуми, а потоа пренесено од украинските, е дека Русија во наредните 48 часа припрема масовна инвазија на Украина.
Утрово руската служба за исвестување, пушти циркуларна порака за известување на сите украински војници кои се наоѓаат на територијата на Доњецк и на Луганск, да ја напуштат позицијата, да се вратат назад во соите касарни во Киев, заради тоа што Русија има донесено конечна одлука веќе да влезе со сои трупи и да го обезбеди простот којшто завчера го прогласи за независна држава која што веројатно ќе влезе во составот на руската федерација.
Јакимовски, правејќи паралела со слични настани низ историјата, нагласи дека Русија не се соочува прва пат со вакви предизвици, и дека како и секогаш, ќе излезе како победник и во овој предизвик.
„Што е разликата меѓу сега, и 1941 година? Полска на границите со Советскиот сојуз.. Кога ќе кажеш Советскиот сојуз, се мисли на Русија, кога ќе кажеш НАТО, се мисли на САД. Значи војска на границата со Русија, бидејќи ’39 Германија влезе во Полска, со тоа што тогаш Германија била на ниво на денешно НАТО, технички била надмоќна над сите други. Тука е слична ситуацијата, и се случува на крај Маршал Жуков да влезе во Берлин, и Наполеон доаѓа до Мослва, ама на крај завршува на Света Елена, 1812-13.“, вели Јакомивски.
Тој ја коментираше одлуката на МАкедонија да стане членка на НАТО, во услови кога руската војска е толку напредна, што е во состојба да изврши напади и од вселената.
„Јас кога станувавме членка на НАТО, многу пишувам и зборував за модернизацијата на рускта армија и оружје, некои ме коментираа дека сум проруски, па руски шпион и така натаму. Не, само сакав да укажам на сериозноста на рускта армија и бев потполно во право. Денес цел свет се тресе дали Путин ќе даде наредба за инвазија. И мислам дека тоа нема да биде инвазија, туку ќе одиграат паметно со воздушни удари. Ќе има такви воздушни удари што нема да претне украинската армија. Може да замислите, руските авиони, нивните ракети ги испалуваат од 400-450км. Замислете авионот се дига кај Белград, доаѓа до Момин поток ги испалува ракетите, се врти и се враќа. Што ќе му правите вие?
Тие имаа 1500 авиони, имаат современи ракетни ситеми, современи артилериски системи. Веќе нивнните воздухопловни сили не се викаат воздухопловни, туку воздушно космички сили, спремни да војуваат и во космосот. Замислете каква ќе биде поддршката од сателитите. Има оружја што напаѓаат и од космос. Она што сметам дека е страшно е што се поттикнува Украина да влезе во војна, за да на крајот главниот бенефит за западниот свет биде санкциите што ќе се воведат во Русија“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…