(Видео) Јакимовски: 15 години не можете да изградите еден автопат, како не ви е срам да барате поддршка од граѓаните?!

t

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска во посета на Стругуа истакна дека не знае како на политичарите кои по 15 години не можат да изградат автопат не им е срам да побараат поддршка од граѓаните за овие избори.

На прашањето што ќе им вети на стружани и како ќе го побара нивниот глас, Јакимовски одговори:

– Прво драго ми е што сум денеска во Струга. Струга е за нас едно битно историско место. Она што треба да го ветиме на стружани е поддршка за развој на туризмот во Струга, да има сестрана поддршка од државата, да се исградат хотели со пет ѕвезди, да се изградат спа-центри, да имаме висок туризам, што значи дека кога ќе имаме ние квалитетна понуда тоа значи дека и останатите фактори за вработување ќе бидат ангажирани, а тоа значи производство на храна, на сите други услуги што се потребни за функционирање на тој хотелско-угостителски комплекс.

И она што  е најбитно, што можам да го ветам на стружани, Срамота е 10 години да не можеме автопат да изградиме. Тито ги градеше со лопата и со копач и тие се завршуваа за 3-4 години со работни акции, а ова е навистина сработа и јас не знам како доаѓаат повторно да бараат доверба од гласачите и на Струга и на Охрид и на Кичево и сегде во Република Македонија. 10 години автопат не можат да изградат за Кичево, за Струга, за Крива Паланка, 15 години не можат да изградат луна-парк, 15 години не можат да се договорат каде да направат клинички центар, 10 години во Штип клиничкиот центар не го завршиле и како не се срамат да побараат повторно поддршка од граѓаните на Република Македонија. И не ми  е јасно како можат да бидат толку талентирано неспособни за да не си ги завршуваат обврските кои се битни за граѓаинте, а само да прашаме колку народ има изгинато на тој автопат досега и колку тоа влијае негативно за развојот на туризмот на Струшок-охридскиот регион. И не само тој автопат, ние треба да го направимеавтопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичина, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава.
Сега ќе речете претседателот на државата не е негова ингеренција економијата, социјалата, ама ако немаш економски развиена држава, ако немаш висок ГДП, ако имаш социјална нестабилност, немири, државата ќе ти биде нестабилна, а тоа значи ќе имаш безбедносни проблеми, нагласи Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУK: Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани на…

Денеска, во 16.15 часот од лицето за…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Поскапувањето не е само 9%? Граѓаните се…

Новите повисоки сметки за струја веќе пристигнаа…

Град Скопје турбо: Решени 873 барања од…

На електронската адреса за комуникација со граѓаните…