(ВИДЕО) Јанев: Ниту еден бугарски војник нема да учествува во воените дејствија во Украина!
Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија.
Јанев ги предупреди сите во армијата да се подготват за одбрана на татковината, јави дописникот на МИА од Софија.
Според министерот, сите во Бугарија веруваат дека земјата е речиси на работ на драматичен конфликт на нејзина или на странска територија.
11 часа претходно, гостувајќи на телевизија, министерот Јанев најави дека Бугарија може да се приклучи на вежбата на НАТО со баталјон до 1.000 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…