(Видео) Ја пиев сопствената урина: Тинејџер спасен по неколку дена поминати под урнатините во Турција

t

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газијантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Пред зори во Газијантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот.

17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

Фала му на Бога што ме спасија, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.

„Ви благодарам на сите“, рече тој.

Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Така успеав да преживеам“, рече тој.

Имам син како тебе, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.

„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција: Длабоко сме загрижени, може да има…

Турција предупреди дека нападот на САД врз…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…