(Видео) Јонуз: Македонија ја водат тешки ропаци!
Македонија ја водат тешки ропаци, не во смисла од каде се, туку во суштината на нивното битие, вели во денешната епизода на Тешки муабети аналитичарот Агим Јонуз.
– СДСМ се сељачизираше, нема урбани елементи во нивната суштина, не кој од каде е, туку урбани елементи. Македонија ја водат тешки ропаци, еве напишете го ова, вели Јонуз и објасни дека тоа се однесува на целата политичка сцена во Македонија.