Објавено на:

(Видео) Јулија Тимошенко обвинета за поткуп – за неа „претресот е ПР потег“

t

Лидерката на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко, потврди дека во нејзината канцеларија во текот на ноќта биле спроведени „итни истражни дејствија“ по обвинение за поткуп, но таа категорично ги негираше сите обвиненија, објави Укринформ.

Тимошенко на својата Фејсбук страница изјави дека повеќе од 30 лица „без никакви документи всушност ја окупирале зградата и ги земале вработените како заложници“, додека службените материјали – вклучувајќи службени телефони, парламентарни документи и лични заштеди – биле конфискувани.

„Претресот е грандиозен ПР потег“, оцени Тимошенко, додавајќи дека обвиненијата немаат никаква врска со законот.

Според извештајот на Укринформ, Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) објавија на 13 јануари дека откриле обид за поткуп на пратеници во украинскиот парламент.

ТАСС објави дека портпаролката на Специјализираното обвинителство, Олга Постолук, потврдила дека против Тимошенко се поднесени обвиненија според членот за поткуп на службено лице, а лидерката на Баткившчина се соочува со казна од пет до десет години затвор, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јулија Тимошенко обвинета за поткуп –…

Лидерката на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко, потврди…

Касами: Укинување на техничката влада, доколку нема…

Коалицијата „Вреди“ на денешната лидерска средба излезе…

Евакуација на персоналот од американската воена база…

На дел од персоналот му е советувано…

Државата ќе враќа 8,8 милијарди евра во…

Државата во наредните пет години ќе врати…

Данска носи трупи на Гренлад: Последиците од…

Доколку суверенитетот на една европска земја и…