(Видео) 10 километри долга бакљада: Навивачки спектакл на Комити за 35 годишницата

t

Неколку убави причини имаа навивачите на Вардар за голема прослава во саботата вечер. Се славеше 35-годишнина од основање на групата Комити, 75-ти роденден на Вардар, 15-та титула во ракометното првенство и 5-години од најголемиот успех во историјата на ова спортско друштво – првата европска шампионска титула во ракомет.

Со неверојатна фешта, досега невидена од навивачки аспект во земјава, Комити направија долг шпалир од скопската населба „Хром“ до мостот „Близнак“ кај Ново Лисиче.

Голем број возила во една црвено-црна колона паралелно возеше од едната до другата населба и со сирени ги потсетија Скопјани на убавиот јубилеј од најголемиот успех на еден спортски колектив во земјава.

Централниот настан беше пред сала „Јане Сандански“ во Аеродром каде блестеше пиротехника, музика и добра забава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…