(Видео) 21 тон марихуана извадени утрово од струмичката фирма!

t

21 тон марихуана се извадени утрово од струмичката фирма во која претресите траат веќе трет ден. Претреси имаше и на локации во Скопје, односно во просториите на поранешната Охис. Акцијата доаѓа откако српските власти пресретнаа пет тони дрога, за која информациите велат дека е со потекло од Македонија.

Инфомакс вчера објави дека неофицијално голем дел од заплената на 27 тони марихуана е подигната од депо на компанијата ЦБД МЕДПЛАНТ од Ново Село.

Компанијата е сопственост на син на поранешен претседател на огранок на СДСМ од Ново Село, иницијали Х.К (сопственик, неговиот татко е со иницијали Т.К), кадешто е косопственик заедно со една швајцарска компанија, еден бугарски државјанин и еден странски државјанин со иницијали А.С, со шпанско презиме, како и уште еден македонски државјанин со иницијали К.В од Ново Село.

ЦБД МЕДПЛАНТ ДОО од с. Борисово добива одобрение од владата за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. Како сопственици на оваа фирма тогаш се заведени три физички лица од Ново Село.

Речиси сите физички лица кои ги наведовме погоре, а се косопственици на компанијата, имаат регистрирани и други компании, во Ново Село, но со различни дејности.

ЦБД Медплант е основана 26.10.2018 година. Компанијата е регистрирана како вршење на дејност одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба во фармацијата. Компанијата е класифицирана како мал бизнис според критериумите дефинирани со Законот за сметководство на Република С. Македонија.

Финансиските податоци на компанијата покажуваат дека истата има финансиска добивка помеѓу 4 и 6 милиони денари во текот на 2023 и 2024 година.

За истата компанија како опозиција реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека лиценци за одгледување на марихуана добиваат фирми блиски до тогашниот премиер Заев, меѓу кои и оваа.

„СДСМ на 12 мај 2020 на седница на Влада додели лиценца на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, како да е најголема мафија организирана околу струмички картел. Двете фирми се поврзани меѓу себе. Во „Еко Енерџи-Космос” управител е Перо Стојчев, син на Боро Стојчев, кадар на СДСМ и Зоран Заев, осуден (читај спасен од Заеви) за шверц на цигари и поранешен градоначалник на Ново Село, а еден од сопствениците е Христијан Котев. Во другата фирма „Лајтинг Лукс” сопственик и управител е Славица Котева, инаку крвно поврзана со еден од сопствениците на „Еко Енерџи-Космос” (Христијан Котев). – реагираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев тогаш ги негираше овие тврдења.

Продолжува…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…

Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…

Лишен од слобода бегалец од затворот во…

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш,…

Кривична пријава за „даночно затајување“ против правно…

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…

Кривична пријава за екс – вработена во…

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36)…

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на…

Набавка на дрон специјализиран за мерење на…