(Видео) 36 милиони прегледи: Сопственикот го прашува кучето математички задачи, неговата реакција е хит!

t

„Можеш ти“, ја охрабрува сопственикот, а Луна потоа точно шест пати со шепата го допира по рамото. Трикот го повториле неколку пати со различни задачи, а Луна секогаш давала точен одговор.

Кучката Луна, која „решава“ задачи по математика станала хит на ТикТок откако нејзиниот сопственик покажа генијален трик кој ги воодушевил луѓето. Снимката го прикажува сопственикот кој седи во автомобил со Луна, па ја прашува: „Еј Луна, колку е девет минус три?“, а тиктокерите биле воодушевени од нејзиниот израз на лицето кое изгледа како таа да се обидува да ја реши задачата.

„Можеш ти“, ја охрабрува сопственикот, а Луна потоа точно шест пати со шепата го допира по рамото. Трикот го повториле неколку пати со различни задачи, а Луна секогаш давала точен одговор.

Не е познато како сопственикот ја научил на овој трик, но снимката станала хит собирајќи повеќе од 36 милиони прегледи и 3,4 милиони лајкови за само пет дена.

„Неверојатна е“, напишал еден тиктокер, а друг додал: „Нејзиниот израз на лицето е сè“. Но, сепак, трикот е прилично очигледен, па се јавиле и оние кои го забележале.

„Секогаш кога ќе и кажеш – „Добро е, браво“, таа престанува со допирите. Тоа е очигледно знакот“, напишал еден тиктокер.

@lunatheminicockapoo

Her thinking face after each one… 😳 #dogsofttiktok #dogs #puppylove #smartdog #lunatheminicockapoo

♬ original sound – LunaTheMiniCockapoo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…