(Видео) 70% од оризот останал неоткупен – Оризопроизводителите велат министерот е незаинтересиран!
Сите манипулираат, министерот дали знае што им се случува на оризарите? – прашуваат оризопроизводителите од истокот на државава каде состојбата со откупот на оризот е алармантна.
– Како да направиме репродукција кога производната цена е 26 денари, под 26 денари се откупува. Дали е свесен тој министер што им се случува на оризарите? Воопшто не е свесен, вели еден од оризопроизводителите.
Според нив 70% од оризот стои неоткупен, а производителите се должни по земјоделските аптеки, а не можат да ги покријат ни трошоците за производство.
– Никогаш не било толку ориз да не се откупува, вели еден од производителите кој вели дека министерот не ги ни погледнал документите кои тој му ги престставил.
Според производителите проблем е увозот на ориз, а бараат и средба со министерот за решавање на оваа ситуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 70% од оризот останал неоткупен –…
Сите манипулираат, министерот дали знае што им…
(Видео) Николовски:Производителите на ориз добиваат вода до своите…
Квалитетен и навремен пристап до вода за…
Крмов: Дали власта заради бизнис врски ја…
Пратеникот од Левица - Борислав Крмов го…
Откупната цена пониска од трошоците! Протестираат оризопроизводителите…
Со трактори и друга механизација земјоделците од…
(Видео) Источна Македонија блокирана: Оризопроизводителите протестираат против…
Оризопроизводителите од источниот дел на Македонија денеска…