(Видео) Aпасиев со шах-мат потег за Мицкоски: Левица поднесе интерпелација за Гаши и ја повтори бланко поддршката до ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов претседател на Собранието

t

Левица поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, по седум основи, информира денеска лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев.

Интерпелацијата е поднесена, како што рече Апасиев, поради повредата на секуларноста на државата со групната молитва, поради наредбата за вмешување на неговото обезбедување во инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, поради патувањето на неговата сопруга заедно со него на Самитот на НАТО во Вашингтон, поради дадената свечена заклетва на албански јазик при неговиот избор во Собранието, поради употребата на знамињата на ЕУ и НАТО во пленарната сала, како и поради тоа што не беше констатиран престанок на мандатот на поранешниот технички премиер Талат Џафери, кој одреден период истовремено беше и пратеник….

-Очекуваме по летните одмори, на првата седница, интерпелацијата да се постави пред пратениците. Обемна е интерпелацијата и се состои од 10 страници, кажа лидерот на Левица.

Според Апасиев, пратениците треба да ја изгласаат.

-Стоиме на јавниот повик и бланко поддршката до ВМРО-ДПМНЕ за смена на Гаши. Стоиме на располагање за избор на нов човек од нивната пратеничка група, порача пратеникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…