(Видео) Bojна по улиците на Алмати, демонcтрантите ги огpaбија сефовите со opyжје, специјалните сили влегоа во градот, се слуша пykaње од сите страни
Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа и 317 се повредени во немирите во таа држава.
Демонстрантите ги ограбија сефовите со оружје на Комитетот за национална безбедност на Казахстан. На располагање имаат оружје и панцири, пишуваат на социјалните мрежи. Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.
Вонредната состојба воведена во поранешниот главен град Алмати и западен Казахстан сега ја опфаќа целата земја, соопштија властите. Се воведува забрана за штрајкови, јавни собири, сообраќајни ограничувања, полициски час и строг режим за оружје, лекови, алкохол и зголемени полициски права за запирање и претрес.
Безбедносните сили влегоа во казахстанскиот град, додека очевидците во живо ги пренесуваат вооружените борби на социјалните мрежи.
Поради најмасовните протести од независноста на земјата пред 30 години, блокиран е интернетот, а прекинати се и плаќањата преку интернет и кредитните картички. Демонстрантите ги зазедоа најголемиот во Алмати и третиот по големина во Актау аеродроми во земјата, а авиокомпаниите ги откажуваат летовите за Казахстан.
По телевизиското обраќање на претседателот Токаев со ветувања за најстроги мерки, редици за подигнување готовина имаш пред банкоматите, но и утрото имаше поплаки дека банкарските картички не се обработуваат.
Според локални медиуми продавниците за храна во Алмати почнале да примаат само готовински плаќања, некои компании за испорака на производи престанале да работат и не може да се повика такси. Финансискиот регулатор и Народната банка изутрината инсистираа финансиските институции да работат нормално, а доколку има прекини тие се поради интернет конекција. Во попладневните часови целосно беше исклучен интернетот, а со тоа и сајтовите на медиумите и институциите.
Во Алмати беше заземен најголемиот аеродром, при што патниците и персоналот беа евакуирани, а обезбедувањето повлечено. Авиони не полетуваат и не слетуваат таму. Меѓународните летови за денеска и утре до Алмати почнаа да ги откажуваат „Аерофлот”, „Катар ервејс” и кувајтската „Џезира ервејс”.
Протестите во Казахстан започнаа во првите денови од новата година. Жителите на Жанаозен и Актау излегоа на протест против двојното поскапување на гасот, што Министерството за енергетика го образложи со тоа што од 1 јануари на електронските берзи почнаа да се формираат цени врз основа на понудата и побарувачката. Протестите и судирите продолжуваат и денеска.
Токаев нареди да се формира комисија за проучување на ситуацијата, а на 4 јануари објави дека е подготвена да го исполни главното барање на демонстрантите и да ги намали цените на бензинот. Сепак, протестите се проширија и во другите градови, барајќи од претседателот Касим Јомарт Токаев оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор…
Претседателката денеска ги прими акредитивните писма на…
Поранешен казахстански министер осуден на 24 години…
Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев,…
Жителите на Белорусија, Казахстан и Молдавија ќе…
Владимир Путин им олесни на жителите на…
Страшна несреќа во рудник во Казахстан, има…
Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот…
Казахстан до крајот на годината ќе отвори…
Казахстан до крајот на 2023 година ќе…