(Видео) Hаучниците бeз збоpови: Отkриен доcега нeпознат оpган во човеkовото тeло

t

Научниците открија досега непознат дел од човечкото тело: мускулниот слој во масетерскиот мускул, кој ја подига долната вилица и е клучен за џвакањето.
Модерната анатомија го опишува масетерскиот мускул како мускул со два слоја, едниот површен, а другиот длабок.
„Некои историски анатомски списи ја споменуваат и можноста за постоење на трет слој, но тие се неконзистентни во одредувањето на неговата позиција“, се вели во новата научна студија објавена во Annals of Anatomy. Затоа, авторите на студијата одлучија да проучат дали овој мускул од клучно значење за исхраната може да има скриен, „супер-длабок“ слој, како што е предложено во историските текстови.
Анатомски различен дел од важен мускул
За да дознаат, тие сецираа 12 човечки глави зачувани во формалдехид, а исто така направија КТ скен на 16 тела на неодамна починати луѓе и проучуваа магнетна резонанца на живи луѓе.

Благодарение на тоа, тие идентификуваа анатомски различни, трет слој во масетерскиот мускул.
Овој многу длабок слој започнува од јаболчната коска на лицето, која може да се почувствува пред увото, сè до таканареченото короноидно продолжување на долната вилица, триаголниот дел каде што почнуваат забите и при џвакање или зборувањето влегува во зигоматичниот лак на черепот.

„Овој длабок слој на масетерскиот мускул е јасно различен од другите два слоја во однос на неговата насока и функција“, рече Силвија Мезеи од Катедрата за биомедицина на Универзитетот во Базел во Швајцарија, која беше главен автор на студијата.
„Врз основа на распоредот на мускулните влакна, овој мускулен слој веројатно помага да се стабилизира долната вилица со подигање и повлекување на короноидниот процес“, велат научниците.
Мезеи објаснува дека новиот слој на мускул е единствениот во масетерскиот мускул што може да ја повлече долната вилица назад.
Важно откритие за науката, но и за медицината
Јенс Кристоф Тирп од Универзитетскиот центар за дентална медицина во Базел вели дека општо се верува дека сè за човечката анатомија е откриено во последните 100 години, но дека откривањето на овој мускулен слој е како научниците да пронајдат нов вид на ‘рбетници во зоологија.
Научниците предлагаат овој новооткриен дел од човечкото тело да се вика на латински „musculus masseter pars coronidea“, што би значело „короноиден дел од масетерскиот мускул“.
Научниците исто така истакнуваат дека ова откритие би можело да биде многу важно во медицината, за лекарите полесно да вршат операции во тој регион на човечкото тело и подобро да ги третираат состојбите поврзани со деловите што ги поврзуваат долната вилица и черепот, пишува Livescience.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Група швајцарски научници открија нов, досега непознат…

(Видео) Hаучниците бeз збоpови: Отkриен доcега нeпознат…

Научниците открија досега непознат дел од човечкото…

ЕКСТРЕМНА РЕТКОСТ: Откриен 66 милиони години стар…

Фосил на неизведено јајце од диносаурус, совршено…