(Видео) Kузеска до ВМРО-ДПМНЕ: Одговорете кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко босови
Скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови власта се обидува да ги заташка со апсење на веќе помилуваниот бос на кланот Барон и со класичен театар пред јавноста, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.
СДСМ наостро ја осудува, како што ја нарече, оваа фарса на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Сиљановска-Давкова.
„Наместо одговорност за скандалозните помилувања, ДПМНЕ и Сиљановска се обидуваат со театрални потези да го смират гневот на јавноста и да избегнат од одговорноста. Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Ако згрешиле членовите на комисијата за помилување, зошто Сиљановска не ги разреши? Таа не може да се крие зад Комисијата за помилување. Сиљановска го има последниот збор, таа ја носи одлуката и затоа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица“, изјави Кузеска.
Рече дека СДСМ со денови барало повлекување на срамната одлука и предупредуваше дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност на граѓаните. Според партијата, тоа што еден од помилуваните, поврзан со нарко-кланот „Барон“ вчера беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство, е обид на МВР да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.
„Власта на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во договор со криминални структури со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните. Сиљановска-Давкова има обврска да излезе пред граѓаните и да ги презентира сите информации, документи и мислења, на Комисијата, на Министерството за правда, на сите кои и биле презентирани и да одговори на клучното прашање: Зошто токму овие лица, опасни криминалци беа изборот да се помилуваат? Кој го нарача ослободувањето на криминалците и нарко босовите? ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска – Давкова имаат обврска да излезат пред граѓаните и да одговорат на овие прашања, затоа што тоа и го должат на јавноста“, рече Кузеска.
Партијата повика на одговорност за помилувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Kузеска до ВМРО-ДПМНЕ: Одговорете кој ги…
Скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови…
Шолц за поканата на Украина во НАТО:…
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека во…
Османи: Владата е нелегитимна бидејќи го нема…
Екс министерот за надворешни работи – Бујар…
Непотизам во Велес: Сестрата на министерот за…
Сестрата на министерот за култура Зоран Љутков…
Бугарите викендов излегуваат на седми предвремени избори…
Бугарите во недела ќе излезат на гласачките…