Види чудо, Курти експресно го најде “својот Србин” за остварување на големоалбанскиот сон: Србин именуван за министер во Косово
Пратеникот на Собранието на Србија од Косово, Љубомир Мариќ, по повод именувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници на Косово, истакна дека косовскиот премиер Албин Курти го нашол „својот Србин“, како што додаде и со тоа најде начин за „остварување на големоалбанскиот сон“.
Мариќ на Твитер истакна дека со овој потег Курти сака да ја исполни својата форма, дека неговата де факто цел е создавање на моноетнички регион „со траги од Срби“.
„Види чудо, Курти, кој се повеќе ме потсетува на Мистер Бин (иако во зоната на црниот хумор), експресно го пронајде неговиот „Србин“ да му биде формата неопходна на патот кон создавањето на де факто моноетнички регион со траги од Срби. Се со цел остварување на големоалбанскиот сон. И сега ќе го комплетираат предавничкиот кабинет со своите клучеви на странски агенции на чело со Радо Трајковиќ! Се собира квази придружба да заврши со спроведувањето на планот за чистење на Србите, за кои Косово е јужна српска покраина на нашата држава Србија, на чело со претседателот Вучиќ“, изјави Мариќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…