Вие мислевте 8 Септември ќе го слават? Биљал Касами и ски-центар Попова Шапка ќе слават независност на Косово
Ски-центарот „Попова Шапка“ по примерот на тетовскиот градоначалник Биљал Касами ја прославува независноста на Косово. Во објава на Фејсбук тие најавија прослава за независноста на Косово, иако „Попова Шапка“ е државен ски-центар.
Во објавата на албански јазик стои: „Прославуваме Независноста на Косово на Попова Шапка. По повод 17-ти февруари, Денот на Независноста на Косово, организираме супер прослава за вас!“
„30% попуст на ски билети и многу повеќе! Од 12:30 до 15:00, Ski Kafe “GE” ќе ве забавува со живо музичко изведување од Луле Ибрахими и Ветон Сопоти. Од 18:00 до 21:00, уживајте во ноќно скијање и енергична атмосфера со музика од DJ Lil Miss на Ski Kafe “Два Седишта”. Придружете ни се и станете дел од најголемата прослава на Попова Шапка!“, се вели во постот споделен на социјалните мрежи.


Овој потег предизвика реакции во јавноста, имајќи предвид дека станува збор за државен ски центар кој одбележува национален празник на друга држава. Настанот е закажан за 17 февруари, а организаторите најавија музика, забава и специјални активности за посетителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…