Вие паразитирате од овој систем и затоа сум сигурен дека никогаш ништо нема да промените!

t

Американската држава практично го промовираше принципот на објавување војна на именки. Објавија војна на дрогата во ерата на Картер ја изгубија – Фентанилот денес ја отру американската младина.

Потоа објавија војна на тероризмот во ерата на Буш па на Блискиот Исток се создаде првата терористичка држава во светот ИСИС.

35 години Македонија војува со корупцијата (именка) и во државава се живее се полошо и полошо. Сега по ново војуваме против системот, иако искуството вели никој во свет не успеал да порази именка. Подолу во текстот ќе Ви објаснам и зошто тоа се прави намерно.

Каде е проблемот? Ако го замислиме системот како еден информатички систем законите се софтверот, а луѓето се хардверот.

Во примерот со дискотеката „Пулс“ правното лице заедно со нејзиниот сопственик прекршиле најмалку 10-тина закони во државата и тоа го правеле во континуитет пред кобната вечер. Што ќе ни каже дека софтверски ние сме немале проблем. Затоа што ако со закон било предвидено затворање на овој објект кој го загрозувал здравјето и безбедноса на своите гости тоа значи дека законот бил добро напишан и ја погодил суштината и доколку бил спроведен ќе не спасел од трагедија.

Софтверот односно законите детектирале проблем, но хардвер односно оговорните лица дозволиле да се кршатзаконите на државата цели 13 години! На кратко немало кој да го спроведе законот. И не само што тоа се случувало 13 години, а сопственикот Деко на секој можен начин се обидувал да ги изгира Законите туку последните три дена објектот во целост работел илегално иако истиот бил дел од оперативен план на МВР за контрола.

МВР влегува во објектот во потрага по наркотици и малолетници, а притоа не успева да забележи прекршување на 10-тина други закони и со тоа што не го затвора веднаш објектот дозволува да се случи трагедија.

Што ни укажува на најголемата болка на сите нас особено на роднините и блиските на починатите и повредените, а тоа е дека оваа трагедија можела да биде превенирана.

Трагедијата можела да биде превенирана како и низа други низ историјата на оваа држава, а секогаш делот од системот кој затајува е човечкиот фактор односно луѓето вработени во институциите кои треба да ги констатираат неправилностите и незаконитостите, односно прекршување на законот.

Кои се луѓето вработени во институциите? Најчесто партиски кадри од сите политички партии кои биле некогаш на власт во државата, луѓе кои најчесто немаат соодветно образование или пак имаат купени дипломи. Луѓе кои секојдневно добиваат повици од своите надредени поставени од партија да премолчат пред неправилности, луѓе чиј работен однос започнал со корупција без разлика дали платиле за работното место или биле наградени од партијата. Практично самото нивно постоење во системот е корупција.

Гледам сега дел од политичките партии се обидуваат да ги исперат рацете од крв со тоа што нудат некакви си законски измени итн. Не другари законите се добри туку нема кој да ги спроведува. Нема затоа што во партија размислувате само од избори на избори, нема кој да го спроведува законот затоа што должите кај ојлевци и дојлевци кој ви ја финансирале кампањата. Нема кој да го спроведе законот бидејќи ако почнат да се почитуваат законите во државава први кои ќе треба да одговораат се луѓето на чело на партиите, односно политичката елита. И кога кажувам сите, мислам на сите.

„Не ми е јасно како ниту еден човек во државните органи не доби отказ поради трагедијата во Кочани, не ми е јасно зошто ниту еден човек не поднесе оставка од раководна позиција од морални причини.“
Ова погоре го кажувам иронично бидејќи се ми е јасно. Ако го направите погоре наведеното ќе покажете вина и тоа ќе ги разниша вашите фотелји, ќе ги загрози вашите функционерски плати и привилегии.

Можеби ќе треба да побарате работа во приватниот сектор каде што вашите купени дипломи не значат ништо, каде што на вашето членување во партија се гледа со подбив.

И доаѓаме до суштината. Вие се борите со „системот“ затоа што тоа е нешто апстрактно и никој не може да го види и да докаже дали вие навистина сакате да промените нешто или не. Ама логиката го вели следново, надвор од овој вака поставен систем ви сте никој и ништо, ветер и магла, Вие паразитирате од овој систем и затоа сум сигурен дека никогаш ништо нема да промените!

ПС. Овој текст го посветувам на сите жртви на системот.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Викендов започнува летното сметање на времето

Викендов ќе започне летното сметање на времето.…

Вие паразитирате од овој систем и затоа…

Американската држава практично го промовираше принципот на…

Најдени човечки коски закопани во близина на…

Вчера, во 11.17 часот во СВР Битола…

Закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора

За денеска во Основниот суд во Тетово…