Визиготите пред Нотр Дам: Европскиот парламент на чекор да во целост ги отстрани зборовите „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за Северна Македонија
Европскиот парламент е на работ да го отстрани „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за Северна Македонија. Веста ја објави европратеникот од ЕПП, Андреј Ковачев, на Фејсбук.
Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур да ги поддржи амандманите на извештајот следната недела.
„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д (социјалистите) и Обновувањето (либералите) – синоќа се согласија да ги исфрлат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП на пленарната седница следната недела. Темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ. Ваквите теми водат само кон неединство и ја отвораат Пандорината кутија. Ова е потврдено во овој конкретен случај со постојаните појавувања на владетелите во Скопјe, а особено на премиерот Мицкоски со неговите манипулации со „вековниот идентитет и јазик“, напиша тој на социјалната мрежа.
ЕК препорачува почеток на преговорите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија
„Неприкриената цел на властите во Скопјe беше да покажат некаков неверојатен триумф над „источниот сосед“ во пресрет на локалните избори и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во нивниот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него.“ И покрај невидениот притисок и лобирање, таков преседан не треба да стане дел од извештаите на Европскиот парламент или на која било друга европска институција“, додаде Ковачев.
„Наместо тоа, РСМ треба да го почитува потпишаниот договор со Бугарија и да ја деблокира работата на историската комисија. Тоа е местото каде што треба да се дискутираат темите од нашата заедничка историја, како што е напишано во договорот. Им се заблагодарувам на сите мои колеги од сите групи во ЕП, особено на бугарските, за единствениот став по оваа тема“, заклучи европратеникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Визиготите пред Нотр Дам: Европскиот парламент на…
Европскиот парламент е на работ да го…
Режимската Влада склучи тендер од 26,4 милиони…
Првиот обид пропадна, но хистеричната Влада на…
Резил… Кумановското обвинителство се откажа од обвинението…
Основниот суд Куманово донесе пресуда со која…
Од обвинувања до партнерство: Министерот Муртезани склучил…
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал…
Уапсен радовишанец, предизвикал пожар
На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш,…