Виктор Орбан денес во Скопје, утре ќе го разгледува Охрид

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес и утре.ќе престојува во Скопје со официјална делегација која ќе ја предводи, објави МНР. Политичкиот лидер на Унгарија доаѓа и како претседател на Советот на Европската Унија во втората половина од годината.

Утре, споре информациите на владината прес служба, ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид.

Потоа ќе има заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид. Во рамките на посетата, ќе се одржат и бројни билатерални средби помеѓу македонските министри и нивните унгарски колеги.

Орбан ќе ги разгледа знаменитостите на Охрид, при што ќе биде посетена црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум.

Премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виктор Орбан денес во Скопје, утре ќе…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес и утре.ќе…

Косово ќе набавува борбени хеликотери

Официјална Приштина најави набавка на хеликоптери за…

Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското…

Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за…

Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин…

Израел дал зелено светло за прекин на…

Врсници претепале 17-годишно момче кај гимназијата Никола…

Вчера во Скопје, 17-годишно момче било физички…