Виктор Орбан доаѓа во Охрид, овие улици ќе бидат затворени за граѓаните!

t

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“.

На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виктор Орбан доаѓа во Охрид, овие улици…

Со цел безбедно и непречено одвивање на…

Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на…

Сирените за тревога утрово се огласиле во…

Ердоган: Како што човештвото го запре Хитлер,…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот…

Инспекторите од денеска со казни за трговците…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на…

(Видео) По 44 години Кина лансираше интерконтинентална…

Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка…