Високи водостои на Вардар и на Треска, апел за внимателно движење покрај реките
Од Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат за високи водостои на реката Вардар во горниот дел на течението, како и на реката Треска.
Од УХМР велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки.
Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи.
Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.
Во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението.
Од УХМР предупредуваат внимателно движење покрај реките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Високи водостои на Вардар и на Треска,…
Од Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат за…
Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија…
Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување…
УХМР најавува обилни дождови и високи температури
Обилни врнежи од дожд и високи дневни…
УХМР со жолто предупредување: Утре се очекуваат…
Времето утре претежно облачно со повремени врнежи…
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови…