Вистинси хорор! Трагедија на гостиварска фарма, син си го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни
Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино.
Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.
Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…