Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

t

Соопштение на СДСМ

Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година?

Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците?

Тоа се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат.

Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол“ и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката.

Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол“ не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ…

Соопштение на СДСМ Вистинското прашање за Мицкоски…

Министерството за здравство на терен – се…

Министерството за здравство најави итни и вонредни…

Лавров: САД сè појасно ја разбираат потребата…

Русија гледа дека САД сè повеќе ја…

Додека со донации се лечат повредените од…

ДОДЕКА СО ДОНАЦИИ СЕ ЛЕЧАТ ПОВРЕДЕНИТЕ ОД…

СДСМ: Бадијала лажете, Извештајот на ОЛАФ ги…

Соопштение на СДСМ: СДСМ до ДПМНЕ: Бадијала…