Вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација од Тел Авив
По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба, информираат од МНР.
-Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив. Истата би можела да се реализира во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната ситуација. Како алтернатива, постои можност за евакуација по море – со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и надлежните израелски власти. Потсетуваме дека, покрај евакуацијата на првата група граѓани реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 22 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 27. Меѓутоа, не сите се подготвени тоа да го направат веднаш, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани, сè до нивната безбедна евакуација.
Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:
+389 75 273 732 / +389 75 268 736
или дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
+972 54 500 8566 / +972 54 967 054
-Воедно, апелираме до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. За сите новини јавноста ќе биде навремено информирана, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
ЦУK: Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани на…
Денеска, во 16.15 часот од лицето за…
(Видео) Повторно евакуиран Ист Гејт Мол
Трговскиот центар „Ист гејт“ повторно евакуиран, овојпат…
Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…
Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…
Драматично спасување од завеан автобус во Србија:…
Пожарникарите-спасувачи ноќеска евакуираа граѓани од завеан автобус…