Вкупно 18 повредени и голема материјална штета по пожарот во фабриката „Макпрогрес“

t

Вкупно 18 лица се повредени во пожарпот во фабриката во Виница. Пожарот избувна вчера во 18:40 часот во магацините и производствените погони на фабриката „Макпрогрес“. Уништени се три погони и предизвикана е голема материјална штета.

Некои од повредените се примени во Општата болница во Кочани, додека други се испратени на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Сите се во стабилна состојба, изјави денес за МИА Оливера Цимбалевиќ, анестезиолог и раководител на Одделот за анестезиологија и реанимација во Општата болница во Кочани. Таа додаде дека некои од повредените ја напуштиле болницата синоќа откако добиле медицинска помош.

Цимбалевиќ не можеше да прецизира колку од повредените биле пожарникари, а колку биле вработени во „Макпрогрес“.

Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето на пожарот се вклучија и нивните колеги од противпожарните служби на неколку соседни општини.

Пожарот беше целосно ставен под контрола доцна синоќа.

Неколку пожарникари, како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, добиле изгореници на нозете откако се заглавиле во стопена шеќерна смола во еден од погоните. Кога пожарникарите се обиделе да ги извлечат нозете, нивните чизми се заглавиле во стопениот шеќер и тие стапнале врз стопената смеса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 18 повредени и голема материјална штета…

Вкупно 18 лица се повредени во пожарпот…

Нема активни пожари на отворен простор, 13…

До 21:00 часот на територија на цела…

Пожарот над селото Луке – Крушопек е…

По интервенцијата на надлежните институции, пожарот кој…

Три пожари се активни: Гори во Липково,…

На 18 август 2025 година, до 12:00…

Активни три, изгаснати дваесет и осум пожари…

На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот,…