Објавено на:

Владата во Франција со ваучери помага за справување со енергетската криза

t

На 15 септември, Владата во Франција ги објави плановите за еднократна исплата од 100 евра за 5,8 милиони домаќинства кои добија ваучери за покривање трошоци за енергија. Премиерот Жан Кастекс, исто така, најави ограничување на цената на гасот до април 2022 година.

Овие две мерки на 21 октомври беа продолжени до крајот на 2022 година, воедно зголемувајќи го бројот на корисници на ваучерот на околу 38 милиони луѓе.

Во моментов се преговара и за издавање ваучери за гориво, но и за дополнителна мерка за намалување на даночната стапка за електрична енергија.

Ројтерс известува дека францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер изјави дека исплатите на повеќе од 38 милиони луѓе ќе чинат 3,8 милијарди евра.

На 9 декември 2021 година, француската влада започна дискусии за промени во формулата што се користи за пресметување на тарифите на главниот снабдувач на електрична енергија во земјата Électricité de France (ЕДФ), намалувајќи ја пазарната врска во формулата. Новата мерка следи по ветувањето на премиерот Жан Катекс дека ќе го ограничи зголемувањето на регулираните тарифи на 4% за цела 2022 година.

Покрај тоа, Ројтерс известува дека извршната власт исто така планира да го зголеми обемот на електрична енергија што ЕДФ е обврзана да им ја продаде на своите конкуренти за 50% како дел од системот на регулиран пристап до електрична енергија, кој обезбедува повластена куповна цена за алтернативни производители, од втората половина на 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Франција: Момче го уби газдата,…

Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога…

Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува…

Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му…

Три опции за Макрон по падот на…

Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба…

Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите…

Француските пратеници ја соборија владата на премиерот…

Ќе падне уште една влада во Европа?

Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…