Владата ги донесе законските измени – онлајн медиумите ќе бидат вклучени во Законот

Влада на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми.
„Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70% од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор“ се вели во владиното соопштение.
Се додава дека предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Влада: ДПИ за три дена да изврши…
На владината седница се донесе одлука со…
Владата ги донесе законските измени – онлајн…
Влада на денешната 57-ма седница го донесе…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…
(Документи) 24 МИЛИОНИ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ…
ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ денари Владата ќе плаќа за…