Владата ги менува критериумите за прогласување на кризна состојба: Нема да има промени во сметките за парно на граѓаните?

Владата на Република Македонија на вчерашната 20-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.
Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.
Согласно оваа мерка, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата. – известуваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…