Владата ги определи вицепpемиерите и нивните должности: Ковачевски доби пет заменици, тројца од нив се Албанци
Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.
На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, и тоа:
• д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија;
• м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
• Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
• м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања;
• д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…