Владата ги пушти во собраниска процедура протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО, двете земји имаат поддршка од Македонија
Владата на Република Македонија ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон Северноатлантскиот договор и нивно членство во НАТО, соопшти владинат ПР-служба.
-Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на Република Финска и Кралството Шведска за нивно членство во Северноатлантската Алијанса. Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО. Република Северна Македонија даде целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, поддржувајќи го натамошното проширување, како и зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска во Северноатлантската Алијанса оценувајќи го како важен чекор и придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи го предвид неоправданиот воен напад на Украина од страна на Руската Федерација. Шведска и Финска имаат развиено многу високо ниво на соработка со НАТО и нивното членство ќе ја зајакне политичката сила на Алијансата, а со нивниот прием Алијансата демонстрира единство, се вели во владиното соопштение испратено до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…