ВЛАДАТА ГИ УСВОИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Утре ќе бидат испратени во Собранието

t

Уставните измени очекувано поминаа на денешната владина седница.

Уставните амандмани ги подготви работната група при Министерството за правда. Според најавите, по одлуката на Владата за уставните амандмани, очекувањата се дека тие  утре ќе бидат испратени во Собранието, а спикерот Талат Џафери идната недела ќе ја закаже уставната комисија.

Ако амандманите утре влезат во Собрание, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот Џафери ќе ја закаже за 19 август, односно најмалку 30 дена откако материјалите за уставните амандмани ќе влезат во собраниска процедура. Комисиската расправа ќе почне идната недела, најверојатно в понеделник. Според собранискиот Деловник, расправата трае најмногу 10 работни дена. Можеби тоа ќе биде предолго со оглед на резолутниот став на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дека не ги поддржува уставните измени. Сепак, ако комисиската расправа трае 10 дена, дебатата за потребата од уставни измени може да трае до половината на август, бидејќи на 26 јули Собранието има активности за одбележување на скопскиот земјотрес, а на 2 август се прославува Денот на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Влада: ДПИ за три дена да изврши…

На владината седница се донесе одлука со…

Владата ги донесе законските измени – онлајн…

Влада на денешната 57-ма седница го донесе…

ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…

Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…