Владата го брани Груби: Им ја одзел гимназијата на македонските ученици за тетовци да имаат подобри услуги

t

Влада се огласи во врска со обвинувањата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами дека ќе ја тужи Владата „за незаконска одлука и решение со кое една од зградите од училишниот комплекс познат како „Стара медицина” се дава на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности”.

Од Владата информираат дека ваквата Одлука е донесена врз основа на барање на Агенцијата за катастар, затоа што досегашните простории не се адекватни за реализација на работните задачи и процедури, имајќи го предвид соодносот на бројот на вработени и просторните услови.

– Имајќи предвид дека катастарската документација спаѓа во категоријата на архивска граѓа од трајна вредност, треба да се обезбедат простории со соодветни услови кои ќе овозможат заштита и чување на катастарската документација. Дополнително, досегашните просторни услови воопшто не се соодветни за пристап за повозрасните лица како и за лицата со попреченост и инвалидитет што е спротивно на политиката на Владата за да се олесни комуникацијата на институциите со сите граѓани, се наведува во владината реакција

Исто така, од Владата посочуваат дека во досегашните простории не постојат услови за чување на архивските материјали, катастарските збирки на исправи, катастарската документација, како и другиот архивски материјал и овој материјал бил сместен во подрумските простории на трговскиот центар во Тетово, кои и во изминатиот период неколку пати биле поплавувани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Владата ги обвини родителите на починатите од…

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…