Владата го разреши Јани Макрадули – Избран нов директор на Македонски Пошти
Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.
-На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
Засега нема официјални информации за причините за разрешувањето на Макрадули, но се претпоставува дека одлуката е поврзана со случајот кој Обвинителството го отври за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Останува да видиме дали разрешувањето е поради недомаќинко работење и доведување на Пошта во најлоша финансиска состојба досега, дали е поради генералниот штрајк или физибилити студијата за која Хрватите земаа огромна сума пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…