Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност
Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност. , стои во соопштението на СДСМ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари.
На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу осомничените.
Очигледно, партиските и бизнис интереси се најважни за ВМРО-ДПМНЕ, поважни од интересот на младите и образованието.
Наместо да ја штити, владата треба веднаш да ја разреши Ана Михајлов од функцијата в.д. директорка. Јавното обвинителство, врз основа на наодите на ОЛАФ, да отвори постапка и да ги процесуира сите инволвирани лица.
Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за корупција и партиски профит. Одговорност мора да има. , стои во Фејсбук објавата на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата да не ја штити Михајлов туку…
Владата да не ја штити Михајлов туку…
За еден месец бројот на евидентирани невработени…
Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово,…
Кремљ верува дека Путин и Трамп ќе…
Самитот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп…
„Франкенштајн“ зајаци во Колорадо предизвикаа загриженост во…
Зголемениот број на зајаци во Колорадо со…
Одредени ланци на супер маркети преку скриен…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема…