Владата денеска ќе ја одржи редовната 130-та седница

t

Владата на Република Македонија, денеска, 28.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната 130-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На дневниот ред на денешната седница е предвидено да се најде информацијата, со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Македонија за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“.

На оваа седница, меѓу другото, ќе се расправа и по информацијата за Предлог-стратегија на Владата на Република Македонија за соработка и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во време на тага и болка, граѓаните…

„Во време кога цела држава жали за…

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…