Владата за хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега преземените активности и мерки со цел надминување на истите.
На седницата, беа донесени следните заклучоци:
– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица;
– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата на Република Македонија оперативен план за спроведување на активностите.
Пред три дена, во понеделникот заменик министерката д-р Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…