Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

t

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е да ги поттикне македонските иселеници ширум светот да размислат за враќање во татковината.

Кампањата стартуваше во јули и вклучува поставување билборди низ земјата, како и делење на флаери на граничниот премин Табановце, преку кои дијаспората е повикувана да пополни анкета. Од организацијата „Македонија2025“ истакнуваат дека анкетата има поширока цел од собирање информации – таа служи како основа за иницирање на конкретни промени. Целта е да се разберат искуствата, потребите и желбите на Македонците во странство, без разлика дали се нови иселеници или се од втора, трета и понатамошна генерација. Резултатите од анкетата ќе помогнат во креирањето препораки за политики кои ќе ги олеснат животот и враќањето на иселениците во Македонија. Овие политики ќе опфатат полесна реинтеграција, нови деловни можности и програми кои ќе го направат процесот на враќање и придонес кон земјата поедноставен и подостапен. Каде и да ве однел животот – Македонија посегнува по вас. Вашиот глас е важен. Пополнете ја анкетата за дијаспората и помогнете да се обликува вистинска промена. Кажете ни што ви треба. Кажете ни што би ве вратило назад“, гласи повикот на социјалните мрежи. Организацијата „Македонија2025“ е меѓународна, независна и неполитичка организација основана во 2007 година од македонски иселеници, со цел да поттикне одржлив економски развој, да ги подобри условите за граѓаните и компаниите во земјата и да овозможи дијаспората да се вклучи и да придонесе кон развојот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат…

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на…

Меланија Трамп најави тужба од над милијарда…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, преку…

„Телеграф“: Трамп ќе му понуди на Путин…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува…

Гувернерот на Алјаска: Средбата меѓу Путин и…

Претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин…