Владата на ДПМНЕ го рехабилитира фашизмот – поради поданоста кон ВРЕДИ, училиште ќе носи име на балист
Левица најостро реагира на срамната одлука на Владата, донесена на 99-та седница на 05.08.2025, со која се дава согласност за основање основно училиште во општина Студеничани што ќе го носи името на балистички водач – Азем Морани.
Овој чин е брутален удар врз асномските темели на македонската држава, темели изградени врз крвта на антифашистичката борба, и претставува опасно, свесно отворање на вратите за историски ревизионизам. Со вакви одлуки, институциите не само што ја бришат жртвата на генерациите кои се бореле за слобода, туку ја изопачуваат самата суштина на државноста, претворајќи ја во платформа за рехабилитација на соработници на окупаторот.
Парадоксално е што токму во време кога надворешни сили се обидуваат да ја искриват историската вистина, најголемите удари се нанесуваат од самите домашни институции.
Азем Морани, осуден во 1947 година за своите профашистички, балистички и колаборационистички активности за време и по Втората светска војна, кој дејствувал против македонската држава – не заслужува никаква почит, а уште помалку по него да се именува училиште. Давањето негово име на училиште го труе умот на младите и ја поткопува основата на нашиот вредносен систем.
ДПМНЕ, по стапките на СДСМ, во Владата се однесува како понизен и небитен фактор, коленичејќи пред коалициониот партнер ВРЕДИ и прифаќајќи агенди што ја разградуваат македонската државност.
Бевме сведоци на преименување на улици именувани по антифашисти во имиња на балисти. ДПМНЕ ветуваше гордост, но наместо тоа, не само што не ги врати имињата, туку почна скандалозно да менува и именува училишта слушајќи го диктатот на нивниот коалиционен партнер ВРЕДИ. Неодамна, во општина Гази Баба, со гласовите на ДПМНЕ и амин на градоначалникот Стефковски, основното училиште „25 Мај“ (Денот на младоста), беше преименувано во „22 Ноември“ – Денот на албанската азбука.
Последната одлука на Владата за именување на училиште по балистички водач претставува кулминација на оваа опасна тенденција – безобразен и срамен чин на институционална рехабилитација на непријатели на македонската државност и тешка навреда за македонскиот народ.
Левица бара Владата итно да ја поништи оваа одлука и да спречи било каков обид за рехабилитација на профашистички фигури. Македонија мора да остане верна на својата антифашистичка историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата на ДПМНЕ го рехабилитира фашизмот –…
Левица најостро реагира на срамната одлука на…
Локалните избори ќе се одржат на 19…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се…
Црн биланс во Грција: Почина и четврти…
Уште една трагедија се случи на грчкото…
Кражба на акумулатори од железница во Битола…
ражба СВР Битола поднесе кривична пријава до…
Германија ја стопира воената помош за Израел…
Германија нема да одобри никакви извози на…