Владата одлучи: ЕСМ ја презема и топланата Скопје Север
На 94-та владина седница е најдено решение за затоплување и на граѓаните од Скопје Север. Владата jа разгледа и усвои Информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, доставена од АД за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје.
„Со донесените заклучоците од Владата, се овозможува решение за снабдување со топлинска енергија и на граѓаните корисници на услугите на Скопје Север АД, преку прифаќање на предлогот од АД ЕСМ – Скопје за начинот на премостување на отворените прашања помеѓу Скопје Север АД Скопје и АД „Електрани на Македонија“ – Скопје. Владата го задолжи Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје“, велат од Владата.
Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…
ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…
Во текот на изминатиот период, како резултат…
Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…
Во 30 години независност Македонија како држава…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
ЕСМ во наредните денови ќе ги замени…
Доколку не бидат поставени топловодните цевки на…