Владата повторно ќе ги спасува “Македонски железници”

Комисијата за хартии од вредност даде одобрение МЖ-Транспорт да ја издаде 4-тата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, Друштвото ќе издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција.
– Вкупната продажна вредност на емисијата е 962.913.000 денари (15,7 милиони евра). Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање. Приватната понуда е наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Владата на Република Македонија, како институционален инвеститор – се наведува воп соопштението од КХВ.
Ова државно претпријатие е редовен загубар и должник. Само во првата половина од годинава загубите достигнаа 65 милиони евра.
Владата подолг период планира да го реши проблемот со либерализација на железничкиот транспорт за што подготви измени и на законот според кој се предвидува – превозот на патници и стока да се врши од приватно домашно или странско правно лице, т.е. да го отвора пазарот за други железнички превозници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…