Владата се огласи околу здравствената состојба на премиерот Мицкоски
Владата попладнево се огласи околу информациите за дека на премиерот Христијан Мицкоски му била нарушена здравствената состојба, поради што денеска пропуштил настан на кој требало да оди.
Откако беше објавено дека премиерот го откажал присуството на денешниот Македонско-српски бизнис форум, од Владата велат дека станува збор за „кратка здравствена пауза“ која дошла откако се случило кратко нарушување на општата кондиција предизвикано одод „сезонски фактори“.
„Поради кратко нарушување на општата кондиција предизвикано од сезонски фактори што повремено се појавуваат овој период, премиерот беше поттикнат да направи кратка здравствена пауза. Не претставува состојба за загриженост, но претпазливиот институционален пристап на здравствените работници наложи одложување на планираниот настан со цел побрзо опоравување“, соопштија од Владата.
Премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе им се врати на редовните активности, додаваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се огласи околу здравствената состојба на…
Владата попладнево се огласи околу информациите за…
Сиљановска до СДСМ: Побрзо да ги надминете…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска изјави…
Нухиу за сметките за струја: Ова не…
Ако потрошите - на пример, 5000 денари…
Камбовски до Мицкоски: Македонското правосудство е зад…
Судскиот совет тековно прави проекции на буџетот…
Најбрзо се вози на излез од Скопје…
Системот „Безбеден град“ во првиот тест период…