Владата се премисли И ПИЈАЛОЦИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ПОЕВТИНАТ
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со производителите и дистрибутерите на пијалоци во државава со кои ќе дискустира за вклучување на овие производи во одлуките за поевтинување на производи што ги најави Владата.
-Очекувам да имаме позитивен „фидбек“ и од нивна страна и со наредна одлука, освен хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.
На владината седница утре ќе се донесе одлука со која за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од 1 август годинава.
-Убеден сум дека од среда ќе има значително намалување на цените на производите што ќе бидат објавени утре по седницата на Владата, рече Бектеши.
Производите што ќе имаат намалена цена ќе бидат обележани со ознака гарантирана цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…