Владата скрати два милиони денари за рано откривање на ракот
Два милиони денари помалку ќе даде Владата годинава за рано откривање на најчестите типови на рак кај пациентите. Скратени се парите за скрининг за превенција и рано откривање на карцином на грло на матка, колоректален карцином, рак на простата и мамографски скрининг за рана детекција на карцином на дојка. Како ќе биде распределен скратениот буџет за детекција на малигните болести засега не се знае, бидејќи Владата се уште не ја одобрила Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Македонија за 2023 година, ниту расправала за ова прашање. Министерството за здравство е институцијата која по претходно утврдени правила и потреби ги распределува парите и активностите предвидени со оваа програма.
Минатата година за оваа Програма биле издвоени 25.570.000 денари, а годинава 23.570.000 денари.
“Поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скринингот на рак на грло на матката опфатени се само 22 проценти од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75 отсто од жените. Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест. Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12 194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претставува само 10% од целната возрасна група“, велат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…