Владата утринава ќе разговара за Украина

t

На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, е информација во врска со Украина, вклучително со мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Македонија во Специјалната мониторинг-мисија на ОБСЕ.

Информација за безбедносната ситуација во и околу Украина е една од точките на денешната редовна седница на Владата на Македонија. На седницата, како што е најавено, ќе се дискутира и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Македонија во Специјалната мониторинг-мисија на ОБСЕ во Украина.

На денешната владина седница ќе се разгледува и информација за организирање втората меѓународна конференција „Преспа форум за дијалог“. Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, пред министрите за разгледување ќе се најде и информација за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија, одржан на 18 март 2021 година, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија се прашуваат дали опозицијата му…

По масовниот протест одржан во Белград во…

27 преживеани, 40 загинаа во падот на…

Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти…

Тренчевска: Која е фактурата што ВМРО-ДПМНЕ ја…

– Која е фактурата што ДПМНЕ и…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Словенија го забрани величење на четниците и…

Парламентот на Словенија гласаше за измена на…