Владата ќе ги прифати предлозите на опозицијата? Дали ќе се намалат акцизите за горивата и ДДВ за храната?

Според Телевизија Телма, Владата ќе ја намали акцизата за горивата за 30%, а биле разгледувани и други сценарија.
Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%
ДДВ-то би се укинало за ограничена листа основни продукти.
Владата се подготвува утре да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во вечерашната емисија „Топ тема“.
Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.
Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, за струјата и за парното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна…
Од СДСМ велат дека последната одлука на…
СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на…
„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на…
Владата утре ќе разгледува мерки за цените
Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…