Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во Крушево со 2,5 милиони денари
Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.
– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денс цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик. Би сакала да потенцирам дека „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објект, создаден со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност. Затоа и дел од експертизата ќе ја обезбедиме од странство, за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено, рече Митева.
Уметничко-архитектонското ремек дело на тандемот Јордан и Искра Грабулоски – споменикот „Илинден“ или повеќе познат како „Македониум“ во Крушево е отворен на 2 август 1974 година, на 30-годишната од прославувањето на АСНОМ и на 71-годишнината на Илинденското востание. Овој футуристички споменик со необични краци се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот
(Видео) Македониумот под вода: Немало ни пари ни кадар да се обнови
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во…
Обезбеден е проект за интервентна заштита на…
(Видео) Македониумот под вода: Немало ни пари…
Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот…
Ќе се иселуваат ли во тек на…
Реновирањето на третата зграда од студентскиот дом…
Русија произведе моќен систем за заштита од…
Русија создаде комплексен систем за заштита на…
Украинскиот министер за надворешни се сретна со…
Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба изјави…