Владата ќе даде 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за испитување на јавно мислење – Вие не јадете цреш(н)и па може и ќе заштедите!

t

Владата распиша јавна набавка за испитување на јавно мислење во вредност од 20 МИЛИОНИ денари без пресметан ДДВ.

На веб-страницата на Бирото за јавни набавки стои дека понудите се доставуваат најдоцна до  03.03.2025 година во 10:00 часот.

Во огласот се наведуваат повеќе сомнителни услови за учество на заинтересираните правни лица.

IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот

IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи
– изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН
– потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
– потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
– потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
– Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејностIV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор.

– Документ за регистрирана дејност

: Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриранIV.2.3) Техничка или професионална способност на економскиот оператор

– со листа на главни испораки на стоки или извршени услуги со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени испораки или извршени услуги

: да има реализирано најмалку 10 квантитативни истражувања исти или слични на предметот на јавна набавка, на најмалку 1000 испитаници во последните три години Се докажува со Листа на главни извршени услуги на понудувачите или кандидатите, извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со прилог потврди за извршени услуги од економските оператори или со договори за спроведување на истражувања, во случаи кога купувачот е институција од јавниот сектор.

– со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не.

И сега следуваат чудните услови, а тоа е барање економскиот оператор да има вработено конкретни лица со професии кои и не се баш потребни за испитување на јавното мислење.

– економскиот оператор во својот тим треба да располага со персонал кој ќе биде вклучен во набавката и кој треба да биде на располагање за целовреметраење на договорот за јавна набавка и тоа: -минимум вработено или ангажирано две лица со високо образование во областа на економските или општествените науки (економски факултет, “Data science” и сл.) и работно искуство од најмалку 10 години во областа на статистичка обработка на податоци врзани за предметот на јавната набавка -минимум едно вработено или ангажирано лице со високо образование во областа на психологијата и работно искуство од најмалку 5 години во областа истражување на пазарот, врзани за предметот на јавната набавка -за успешно извршување на делот на јавната набавка која се однесува на мерење на ставови на бизнис заедницата потребно е да има минимум 1 (едно) вработено или ангажирано лице кое има искуство и квалификации на бизнис аналитичар/консултант со завршено најмалку постдипломско образование Магистер по менаџмент или бизнис администрација. Лицето треба да има најмалку 10 години работно искуство во областа на истражување на пазарот, врзани за предметот на јавната набавка. Се докажува со: Опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не со прилог листа од Агенција за вработување на Република Северна Македонија не постара од 30 дена од денот утврден како краен рок за доставување на понуди, договор за дело, договор за ангажман или друг вид на доказ со кој се докажува исполнувањето на бараниот услов за минималниот број лица потребни во делот на докажување на ангажиран персонал).

– со опис на техничките услови и мерки кои економскиот оператор ги користи за да обезбеди квалитет како и со опис на своите капацитети за развој и истражување

: да има на располагање софтвер за собирање и обработка на податоци за CATI CAPI и CAWI истражувања носителот на набавката да располага со сопствен онлајн панел за спроведување истражувања со CAWI методологија Се докажува со -Опис на техничките услови и мерки кои економскиот оператор ги користи за да обезбеди квалитет како и со опис на своите капацитети за развој и истражување (со прилог софтверски лиценци или приказ (копија од графички прикази) или Изјава за поседување лиценциран или сопствен софтвер и дигитални алатки за спроведување на истражувањата и користени алатки или софтвер) -Опис на техничките услови и мерки кои економскиот оператор ги користи за да обезбеди квалитет како и со опис на своите капацитети за развој и истражување или Изјава за поседување сопствен онлајн панел за спроведување на истражувањата со CAWI методологија).

– со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда

: 4. економскиот оператор во својот тим треба да располага со персонал кој ќе биде вклучен во набавката и кој треба да биде на располагање за целовреметраење на договорот за јавна набавка и тоа:  минимум вработено или ангажирано две лица со високо образование во областа на економските или општествените науки (економски факултет, “Data science” и сл.) и работно искуство од најмалку 10 години во областа на статистичка обработка на податоци врзани за предметот на јавната набавка  минимум едно вработено или ангажирано лице со високо образование во областа на психологијата и работно искуство од најмалку 5 години во областа истражување на пазарот, врзани за предметот на јавната набавка  за успешно извршување на делот на јавната набавка која се однесува на мерење на ставови на бизнис заедницата потребно е да има минимум 1 (едно) вработено или ангажирано лице кое има искуство и квалификации на бизнис аналитичар/консултант со завршено најмалку постдипломско образование Магистер по менаџмент или бизнис администрација. Лицето треба да има најмалку 10 години работно искуство во областа на истражување на пазарот, врзани за предметот на јавната набавка. Се докажува:- Кратка биографија на лицата ангажирани како технички персонал и стручен кадар од економскиот оператор/групата економски оператори за предметниот договор (ПРИЛОГ 8) со прилог релевантни дипломи/сертификати/потврди и биографија и тоа: – (Доказ за соодветно ангажирано лице со уверение/диплома за завршен соодветен факултет од областа на економските или општествените науки (економски факултет, “Data science” и сл.) и CV (биографија) со наведено искуство во областа на предметната јавна набавка, одделно за секое ангажирано лице) – (Доказ за соодветно ангажирано лице со уверение/диплома за завршен соодветен факултет од областа на психологијата и CV (биографија) со наведено искуство во областа на предметната јавна набавка, одделно за секое ангажирано лице) – (Доказ за соодветно ангажирано лице со уверение/диплома за завршен соодветено образование од областа на бизнис аналитичар/консултант со завршено најмалку постдипломско образование Магистер по менаџмент или бизнис администрација и CV (биографија) со наведено искуство во областа на предметната јавна набавка, одделно за секое ангажирано лице)IV.2.4) Стандарди

– Стандарди за системи за квалитет

: ИСО 9001:2015 систем за квалитет во своето работење или еквивалент

Ваквите услови предизвикуваат сомнеж дека се работи за наместена јавна набавка, што ќе се разјасни по истекувањето на рокот и по објавувањето на економскиот оператор кој ја добил набавката.

Она што е полошо е што овие 20 милиони нема да бидат намалени бидејќи не се работи за електронска аукција па секој да мора да ја спушти цената за да се избере најполовлната понуда, туку се склучува набавка во четири очи.

Кој ќе ја добие набавката останува да видиме, а во меѓувреме вие не јадете цреш(н)и, скенирајте фискални и не пијте многу кафе за да заштедите, додека некој се расфрла со ваши пари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе даде 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за…

Владата распиша јавна набавка за испитување на…

Обвинение за четири лица инволвирани во изведбата…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…

Влада има, како да нема… Пензискиот фонд…

Државниот завод за ревизија во денешниот извештај…

Конечно! Бугарија добива нова Влада, Борисов не…

Падна договор меѓу ГЕРБ-СДС, ИТН и БСП,…

И покрај ветувањата, Владата не обезбедила доволно…

Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес…