Владата ѝ служи на олигархијата, нема данок на екстра профит по примерот на некои европски земји

t

Владата ѝ служи на олигархијата, нема данок на екстра профит по примерот на некои европски земји, велат од Левица.

– Хрватска е уште една земја-членка на ЕУ која ќе го оданочи екстра профитот, следејќи го примерот на Шпанија, што го поставува прашањето – зошто оваа еврофундаменталистичка Влада не го следи овој пример?

Во Хрватска сите субјекти чии приходи се повеќе од 39,7 милиони евра ќе плаќаат екстра данок на добивка, и тие средства ќе се користат исклучиво за помош на најзагрозените, а не за полнење на државниот буџет. Летоска слично направи и социјалистичката влада во Шпанија со банките. Стапката на данок на добивка во Хрватска е 18 отсто, а дополнителениот данок ќе зависи од нивото на добивка во 2022 година, што ќе биде 20 отсто над просекот за последните четири години“

За потсетување, домашните банки кај нас кризната 2021 година ја завршија со рекорден профит и заработија 149 милиони евра, а изминатиов период истите воведуваат и нови надоместоци и провизии. Оваа година заклучно со третиот квартал, само три банки остварија нето добивки речиси 100 милиони евра, и лакомоста по есктра-профити во време на криза не престанува, туку си ги зголемија и провизиите што сегашниот закон тоа им го дозволува. Тоа се вкупно меѓу 40 и 50 милиони евра годишно само од провизии што го земаат од народот.

Во оваа насока пратениците на Левица поднесоа предлог-закон со кои требаше да се интервенира во профитот на банките што доаѓа од некаматни приходи, односно од провизии. Кога пратениците од СДС и ДУИ не го поддржаа ова и гласаа против, зарем за очекување е дека дополнително ќе го оданочат екстра профитот на банките, како што направија тоа нивните ЕУ партнери. Секако дека НЕ!

Во овие кризни времиња кога сите треба да понесат дел од товарот, што значи дека оние кои имаат повеќе треба да им помагаат на оние кои имаат помалку, Влада на СДС и ДУИ продолжува да ги штити профитите на олигарсите и крупниот капитал на штета на се поосиромашените граѓани, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…