Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги отстранат содржините и да не ги шират

Владата на Република Македонија преку соопштение упати јавен апел до сите медиумски екипи кои известуваат од погребот на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека, барајќи строго придржување кон етичките принципи во новинарството.
„Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи“ стои во соопштението.
Во соопштението се нагласува дека голем број медиуми веќе покажаа високо ниво на професионализам, воздржувајќи се од објавување фотографии и видеоматеријали кои би можеле дополнително да ги вознемират семејствата на настраданите. Сепак, до оние кои објавиле такви содржини, Владата повторно апелира да ги следат етичките стандарди во информирањето.
„Чувствителноста на оваа трагедија и болката на семејствата во овој момент не треба да бидат искористени за сензационализам, емотивни наративи или медиумска експлоатација. Ги повикуваме медиумите да ја почитуваат приватноста и достоинството на семејствата, а нивното известување никако не смее да предизвика дополнително лично вознемирување или да ја дестабилизира јавноста,“ се вели во соопштението.
Понатаму, Владата повторно ги повика медиумите да пренесуваат само проверени информации, да избегнуваат шпекулации и дезинформации, и да ја зачуваат приватноста на семејствата на жртвите.
„Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш апелираме да се придржуваат до етичкото информирање“ стои во соопштението
Во исто време, од страна на владата изразена е благодарност до сите медиуми кои известуваат професионално и ги почитуваат препораките за етичко новинарство при покривањето на овој трагичен настан.
Владата останува во постојан контакт со надлежните институции и јавноста, повикувајќи на одговорност, почит и сочувство во овие тешки моменти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Влада: ДПИ за три дена да изврши…
На владината седница се донесе одлука со…
Владата ги донесе законските измени – онлајн…
Влада на денешната 57-ма седница го донесе…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…