Владиката Партениј одлучуваше на гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија
На гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија, беше одржана Литургија на која игуменот на Бигорски манастир, епископ Антаниски г. Партениј, сослужуваше со Митрополитот г. Јоаким, игумен на нејзиниот сечесен Паметник во Гетсиманија.
– Преубава Литургија која ги вознесуваше нашите души во благодатните прегратки на Царицата Мајка. Заедно со овие две благословени чеда на Богомајката, кои со своите души се силно прилепени кон Неа, служеа и Архимандритот Дионисиј, Игумен на свештеното поклониште на Темницата каде што бил затворен Христос, архимандрит Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорската Обител, како и други четири свештенослужители од православната Црква на Србија, информираа од Бигорски манастир.
Човечкиот говор, додаваат, нема доволно моќ да ги опише благодатните бранувања и доживувања на душите на свештенослужителите и на верниците “собрани околу гробот од кого воскресна Мајката на Животот”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владиката Партениј одлучуваше на гробот на Пресвета…
На гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија,…
Епископ Партениј: Државата и јазикот ни се…
Пишува Епископ Антаниски Партениј,Игумен на Свештената Бигорска…